Излезеноста на парламентарните избори во Северна Кореја во неделата беше 99,99 отсто, објавија државните севернокорејски медиуми.
Оваа година, одѕивот беше речиси 100 проценти бидејќи само Севернокорејците што работат во странство или на море не гласаа, објави агенцијата КЦНА.
На претходните избори во 2014 година, одѕивот на гласачите изнесуваше 99,97 проценти.
Партијата на Ким Џонг-ун, Работничката партија, е единствената партија во Северна Кореја. Изборите се одржуваат на секои пет години, а членовите на парламентот се номинирани однапред. Има само едно име на гласачките ливчиња.
Comments are closed for this post.