„Етиопијан ерлајнс“ објави дека е пронајдена црната кутија на авионот „боинг 737 Max“ кој се урна вчера утрото, шест минути по полетувањето од Адис Абеба.
Accident Bulletin no. 6
Issued on March 11, 2019 at 01:40 PM Local Time
The Digital Flight Data Recorder(DFDR) and Cockpit Voice Recorder(CVR) of ET302 have been Recovered.— Ethiopian Airlines (@flyethiopian) March 11, 2019
Во авионот на „Етиопијан ерлајнс“ на летот од Адис Абеба кон Најроби, имало 157 луѓе, 149 патници и осум членови на екипажот. Во несреќата никој не преживеа, а во авионот имало патници од најмалку 33 земји. Меѓу нив и еден државјанин на Србија, кој имал пасош на Обединетите нации.
Засега не е позната причината за падот на новиот авион кој во Етиопија стигнал во ноември 2018 година. Компанијата „Етиопијан ерлајнс“ утринава соопшти дека е донесена одлука да бидат приземјени сите модели „боинг 737 Max“ во таа земја сè до завршување на истрагата.
Засега е познато само дека пилотот веднаш по полетувањето од Адис Абеба почнал да пријавува дека има технички проблеми и побарал итно да се врати на аеродромот. Шест минути по полетувањето, авионот се урнал.
Comments are closed for this post.