На скопската Клиника за гинекологија и акушерство во изминатиот месец се родило најголемото бебе во државата. Здравото машко бебе е тешко 5.700 грама и долго 55 сантиметри. Бебето се родило по природен пат.
Просечната тежина на бебињата при породување е меѓу 3.000 и 4.000 грама.
„Еден мал куриозитет …во месец февруари на ГАК со спонтано породување се роди најголемото бебе родено во државата …машко бебе 5700 г. тешко и 55 см долго“, објавија од Гинекологија.
Comments are closed for this post.