Симона Зафировска, Македонка од Австралија пред судот негирала дека ја убила својата мајка со парче мебел во октомври 2016 година, пишува abc.net.au.

22-годишната Симона е обвинета за убиство со умисла. Според обвинението, Симона со парче паркет 20 пати ја удрила по главата додека мајката спиела. По неколку часови повикала полиција и тврдела дека во куќата влегол провалник.

Судот сметал дека мотив за убиството е што мајката на Симона била против да се врати во Македонија каде имала момче. Ќерката од мајката наследила големо богатство во Австралија како и куќа во Македонија.