Оваа недела е дифинитивно лоша за фудбалските великани. По Реал Мадрид својот настап во Лигата на шампионите во заврши и Париз Сен Жермен. Иако сите мислеа дека ѕвездите од Паркот на принцовите ќе имаат лесна задача по победата од 0-2 во првиот меч се покажа дека тоа не е доволно.
Манчестер Јунајтед иако ослабен постигна два гола но прими еден што сепак не беше доволно. Така беше се до 90 минута кога по шутот на Дало топката го погоди Кимпембе во рака што беше доволно да биде повикан ВАР системот.
По прегледувањето на снимката судијата покажа на пенал. Ударот го изведе Рашворд, силно и прецизно иако Буфон ја прочита страната на која шутираше.
По голот се играше продолжение од речиси осум минути но ПСЖ не успеа да даде гол што значеше голема радоста на „децата“ на Солскер кои сите ги отпишаа.
Comments are closed for this post.