Водењето истрага не значи градба на зграда, тоа не е план што се прави однапред“ , рече Министерот за внатрешни Оливер Спасовски одговaрајќи на прашањето колкав е временскиот период што му треба на МВР да излезе со детали за одредена истрага.
Министерот апелира да не се очекува дека истрагите ќе се водат преку медиумите, туку кога ќе се имаат конкретни информации тие ќе се споделат со јавноста. Тој информираше дека во 2018 година се случиле 18 убиста, од кои само едно не е расчистено.
Зборувајќи за убиството во Сарај, министерот Спасовски откри дека МВР за убиецот и во 2014 година и во декември 2018 година има поднесено кривични пријави до Јавното обвинителстово за носење оружје. Наместо постапката да заврши со притвор, одела редовно со што лицето било на слобода, рече Спасовски. Ваквите случаи рече министерот покажуваат дека системот мора да јакне.
Спасовски не откри колкав е бројот на нелегално оружје во државата, но посочи дека има многу претпоставки, но е многу тешко да се утврди таа бројка, посебно после конфликтот во 2001 година. Потсети дека беа организирани неколку акции за доброволно предавање на нелегалното оружје, но и можности за легализација на оружејто.
Comments are closed for this post.