Албанската државна полиција не даде одобрување за одржување протест на опозиција за утре пред парламентот. Локалните медиуми објавија дека полицијата одбила да и даде одобрување на Демократската партија за да протестира утре пред парламентот.
Полицијата ја информирала ДП дека собирот е кршење на Уставот. Како аргумент повеќе полицијата навела дека со протестот се ризикуваат животите на пратениците, затоа што полицијата смета дека опозицијата повикала на насилство.
Опозицијата предупреди дека ќе протестира пред парламентот во време кога ќе има седница, а неа ја најави претседателот на собранието Грамоз Руци.
Comments are closed for this post.