Индија од Пакистан бара итно ослободување на заробениот пилот, командантот Абхинандан. Властите од оваа земја го осудија „вулгарното покажување на ранет индиски војник“ и сметаат дека со тоа Пакистан го прекршил меѓународното хуманитарно право.

Министерството за надворешни работи издаде соопштение откако на разговор бил повикан пакистанскиот дипломат Сједа Хајдера Шаха. Нему му дале предупредување дека Пакистан никако не смее да го повреди заробениот пилот.

Двете земји си ги повлекоа амбасадорите.


Иако во првите извештаи Пакистан тврдеше дека заробиле двајца индиски пилоти, портпаролот на пакистанските вооружени сили, генерал Асиф Гхафур објави дека е уапсен само еден пилот.

На социјалните мрежи се појавија неколку видео снимки на кои се гледа командантот Абхинандан. На едната од нив тој тврди дека го третираат добро, како и дека е импресиониран од пакистанската војска.

И покрај тоа што пакистанските власти тврдат дека со заробениот Индиец постапуваат во склад со правилата, на една од снимките кои кружат по Твитер се гледа како луѓето кој го фатиле го удираат со раце и нозе.