Светот се наоѓа на чекор до нуклеарна војна откако пакистанката војска собори два индиски авиона, ден по бомбардирањето на камп, од страна на Индија, за обука на исламски екстремисти кој се наоѓал во пакистанскиот дел на Кашмир.
Тензиите пораснаа меѓу двете нуклеарни сили откако исламски фанатици на 14 февруари убија 40, а ранија 20 индиски војници.
Ова не е прв пат Индија да бомбардира исламисти во Кашмир, но порано тоа беше во пограничниот дел, сега за прв пат напад е извршен длабоко во пакистанска територија.
Индија и Пакистан од 1947, кога прогласија независност од Велика Британија, водеа три војни, од кои две заради Кашмир.
Само за споредба, Пакистан има 150 нуклеарни бомби, а Индија 140.
Војни и провокации
октомври 1947 – Прва војна помеѓу Индија и Пакистан заради Кашмир, само два месеци по прогласувањето независност.
август 1965 – Нова војна на соседите околу Кашмир, провинцијата поделена помеѓу две земји.
декември 1971 – Индија поддржув отцепување на источен Пакистан, избива војна, која завршува со освојување на Бангладеш
мај 1999 – Пакистанската армија и екстремисти ги освојуваат индиските караули во планината Каргли, Индија одговори со бомбардирање.
Comments are closed for this post.