Кардиналот Џорџ Пел осуден е во Австралија за сексуално злоставување на двајца малолетници, соопшти денеска судот во Мелбурн.

Пел, 77 годишен трет човек на Ватикан, осуден е лани во декември за злосторство врз две 13 годишни деца извршено во 1996. година, но судот, повеќе од два месеци, до денеска го забрануваше објавувањето на пресудата.


Осудениот кардинал тврди дека е невин и приложил жалба на пресудата. Судот утре треба да ја изрече казната за свештеното лице.

Поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск исто така во декември отстрани од својот неформален кабинет тројца кардинали од кои едниот е Пел.

Портпаролот на Ватикан, Алесандро Ѓизоти денеска изјави дека ова се „болни“ вести и дека шокирале многу луѓе, но повтори дека Пел е невин и дека има право да се брани до послените судски инстанци.

Тој рече дека папата Франциск потврдил „превентивни мерки“ кои веќе се преземени во врска со Пел, вклучително и забраната во јавност да води миса и „како што е правилото“, забрана за било каков контакт со малолетници.