Директорот на “ГОБ 8 Септември” Христијан Костов изјави дека по направените прегледи кај екс министерот Миле Јанакиески не биле констатирани повреди од инцидентот во затворот Шутка. Сепак поради анамнезата дека тој бил удиран по главата и телото Јанакиески ќе биде под 24 часовен надзор.
Детално е извршен преглед вклучувајќи крвна слика, лабораториски преглед и ехо, а по прегледите е донесен заклучок дека кај лицето не се евидентирани повреди, изјави Костов.
Comments are closed for this post.