Со реакција за инцидентот во затворот во кој учествуваа екс министрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски се огласи и министерката за правда Рената Тренеска – Дескоска. Таа на Фејсбук напиша дека е згрозена од инцидентот и ќе бара негово расветлување.

Згрозена сум и најостро го осудувам вербалниот, а потоа и физичкиот инцидент во КПУ Затвор – Скопје. Насилството не е и не смее да биде начин на комуникација никаде, ниту во затворите. Побарав целосно информирање од управата на КПУ Затвор – Скопје, но и очекувам сите надлежни институции професионално и одговорно да го расветлат случајот, а потоа и да покренат постапки за санкционирање на сторителите на насилство, но, и на сите оние кои не презеле мерки за спречување на вакви ситуации, напиша Дескоска.