Британската премиерка Тереза Меј ќе разговара следната недела во Брисел со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, соопшти нејзиниот кабинет.
Таквиот потег доаѓа по нејзиниот симболичен пораз во четвртокот во британскиот Парламент, кој се оценува како сериозно слабеење на нејзините позиции во преговорите со ЕУ.
Во соопштението се наведува и дека Меј планира во следните денови да разговара и со лидерите на сите земји членки на Унијата.
Исто така, британскиот министер за Брегзит, Стив Баркли утре ќе се сретне со главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барние.
Во соопштението од нејзиниот кабинет се додава и дека премиерката испратила писмо до членовите на својата Конзервативна партија, во кое бара од нив поради национален интерес да ги надминат разликите во врска со излезот на Велика Британија од ЕУ, што официјално се очекува на 29 март.
Comments are closed for this post.