Девет од повредените во несреќата на автопатот Скопје-Тетово се во критична состојба и се лекуваат на интензивна нега во Клиничкиот центар во Скопје и во Градската општа болница „8 Септември“.
На КАРИЛ вчера почина еден од повредените, со што бројката се искачи на 15.
Во несреќата на самото место загинаа 7-мина, пет починаа во „8 Септември“, еден во старата Градска болница, а еден патник почина во Ургентниот центар на Скопските клиники, уште вечерта на 13 февруари, кога околу 17 часот се преврте автобус на компанијата „Дурмо турс“ на излез од Скопје кон Тетово.
Од Основното јавно обвинителство уште работат на утврдување на причините за несреќата на автобусот кој возел на линијата Скопје-Гостивар.
Според увидот, автобусот преминувајќи преку двете сообраќајни ленти излетал од автопатот и се превртел во близина на стариот пат, а ОЈО кажа дека автобусот бил набавен во 2001 и последен пат бил регистриран во јануари 2019.
Comments are closed for this post.