Премиерот Зоран Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас вечерва во Минхен им беше врачено специјалното признание Евалд фон Кластер на Минхенската конференција. Наградата ја добиваат за нивниот придонес во меѓународниот мир и мирно решавање на споровите преку Преспанскиот договор.


Претходно во текот на денот Заев и Ципрас беа дел од панелот „Разговор со добитниците на наградата „Евалд Фон Клајст“, што ја доделува Минхенската конференција за безбедност .

Панелот на кој во одделни дискусии настапија премиерите Заев и Ципрас, како еден од централните настани на конференцијата, беше посветен на иднината на Западен Балкан.

„Им го посветуваме Договорот од Преспа на младите генерации за нивната иднина. Вредеше, едногласни двајцата премиери.

Низ целиот процес доминираше добрата и силна политичка волја да се најде решение. Тоа помогна да се препознае дека компромисот е вештина која овозможува, дека секој нов чекор е чекор повеќе до решение, и дека невозможното сепак може да биде возможно“, кажа Заев.