Утре на зградата на општината во Цариброд ќе биде поставена нова официјална табла. На неа на српски јазик ќе биде напишано „Општина Димитровград“, а на бугарски јазик „Општина Цариброд“. Двете имиња ќе имаат еднаква сила во официјалната употреба. Радосен сум што за прв пат од 1951 година наваму, на општествени згради, патните ознаки и документи веќе официјално ќе се користи името „Цариброд“.
Ова на фејсбук го објави бугарскиот премиер Бојко Борисов.
Овој историски напредок го постигнавме по низа напори. Пронајдена е и законска форма веќе секој спокојно и законски да го користи историското име, напишал уште тој.
Им честитам на сите Бугари од двете страни на границата, што одново ќе го именуваме тоа прекрасно место како „Цариброд“, заврши Борисов.
Неговиот пост уследи по официјалната посета на Србија каде од претседателот Александар Вучиќ доби високо српско признание.
Comments are closed for this post.