На самиот почеток на вториот ден на министерскиот состанок на НАТО за одбрана, министерката Радмила Шекеринска примила сочувство од нејзините колеги од земјите членки, како и од генералниот секретар Јенс Столтенберг и високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини, за настраданите во сообраќајната несреќа на автопатот Скопје -Тетово, јави дописничката на МИА од Брисел.
Од генералниот секретар на НАТО преку високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Могерини до моите колеги министри за одбрана од САД, Германија, Словенија, Холандија и Грција, сите на самиот почеток ги упатија истите зборови на сочувство и огромно жалење за изгубените животи. Тоа покажува дека НАТО Алијансата не е само воен сојуз, туку сојуз на држави кои што ги споделуваат истите вредности, но и кои се заедно во тешки и добри моменти, изјави Шекеринска.
Министерката го пренесе и своето лично сочувство до семејствата и блиските на жртвите на сообраќајката.
Да го изразам и моето лично сочувство на семејствата и блиските кои загинаа во автобуската несреќа, да им посакам брзо оздравување на оние кои уште се опоравуваат и да истакнам дека денеска можевме и на состанокот на министрите за одбрана да видиме колку е важно заедништвото и солидарноста, вели Шекеринска.
Comments are closed for this post.