„Црвениот крст на Република Македонија уште еднаш длабоко сочувствува со семејствата на загинатите и повредени граѓани во трагичниот настан од автобуската несреќа која се случи на 13 февруари 2019 година на автопатот Скопје – Тетово. Во овие тешки моменти на загуба на најблиските, во знак на солидарност и хуман гест, на семејствата на загинатите граѓани Црвениот крст на Република Македонија ќе им додели парична помош во висина од 30.000,00 денари по семејство“, соопштија од Црвениот крст.

Во соопштението додаваат:

„Црвениот крст на Република Македонија остварувајќи ја својата хуманитарна мисија ќе продолжи и понатаму со помош и поддршка за семејствата на загинатите и повредени граѓани“.