Премиерот Зоран Заев, претпладнево ги посети повредените во тешката несреќа на патот Скопје – Тетово. Фокусот на Владата е кон повредените, но и кон поддршка на семејствата на загинатите, рече Заев, додавајќи дека Владата е подготвена „да помогне сè што треба“.

Посебна благодарност премиерот изрази до локалното население кое, како што изјави Заев, несебично помагало при излекувањето на патниците од превртениот автобус.