Јас ви гарантирам дека не сум тука по партиска линија, не сум ничии линк.Ќе откријам и нешто приватно, жена ми работи во приватен сектор а син ми е надвор од земјата поради ова што се случува во земјата. Не сум тука да им служам на политичките партии.
Вака денеска се бранеше новоизбраниот заменик претседател на државната комисија за спречување корупција за обвинувањата дека е избран поради тоа што му е баџанак на претседателот на Собранието Талат Џафери.
За мене нема блиски, нема роднини, нема пријатели.Готово.Не може никоја да влијае и ако се открие таква работа намерно не е проблем оставката.Не сум тука да правам кариера, пред крај на работниот век сум
Comments are closed for this post.