На преминот „Богородица” на границата со Грција денеска е поставен натпис со новото име Република Северна Македонија.
Не станува збор за нова табла, туку на старата е ставена налепница со новото име испишано на македонски и на англиски јазик.
Директорот на Царинската управа најави дека во текот на денот ќе бидат заменети таблите и на другите гранични премини.
-Плaнираме сите да бидат променти денеска, со оглед на можностите на фирмите за одржување што треба да го направат тоа, а со кои Царинската управа има склучено договор, изјави Танасоски одговорајќи на новинарски прашања пред презентацијата на курсеви за електронско учење.
Тој појасни дека поради тоа што времето е кратко за спроведување тендерски постапки, а согласно заклучоците на Владата предвидено е таблите да бидат променети каде што е можно со налепници, а каде е можно со монтирање други табли, за да се исолни обврската во рок од три дена да бидат променети таблите на граничните премини со новото име Република Северна Македонија.
Comments are closed for this post.