Скопје и Атина го известија генералниот секретар на Обединетите Нации Антонио Гутиереш дека конечната спогодба со која се става крај на спорот меѓу Македонија и Грција влегува во сила. Двете држави тоа го сториле преку заедничко писмо.
Како што велат од министерството за надворешни работи вербалните ноти до Секретаријатот на ОН, земјите членко, земјите набљудувачи на ОН и меѓународните организации каде членува Македонија ќе бидат испратени во најкус можен рок.
Comments are closed for this post.