Државна комисија за спречување на корупција констатираше дека нема конфликт на интереси со изборот Нури Бајрами за член на комисијата иако тој е баџанак на претседателот на Собранието Џафери.

Како што истакна претседателката на Комисијата Билјана Ивановска, членот 8 од Законот за спречување на корупција и конфликт на интереси јасно е одредено до кој степен може да се сметаат за роднини на избраното лице.