Италија е шокирана од брутално убиство. Маж на возраст од 40 години убил 70-годишна пензионерка за три евра! Фаталниот напад бил извршен во близина на градот Кунео во северозападниот дел на земјата.
Даниеле Бијанко при грабеж ја убил возрасната Ана Пикато. На лицето на жртвата тој и нанел тешки удари, пренесуваат италијанските медиуми, повикувајќи се на информации од истрагата на обвинителството. Убиството било извршено за 3,20 евра!
Убиецот го унакажал лицето на жртвата, ја украл бизарната сума и со парите си купил пиво. Бијанко бил идентификуван со ДНК тестови. Траги биле пронајдени на обувките и на неговиот ранец. Пред истражните органи тој го признал делото, по што бил уапсен. Бијанко на возрасната жена и нанел 11 удари. За да стигнат до убиецот во текот на истрагата биле испршани над 180 лица.
Comments are closed for this post.