Во Венецуела почнаа „најважните воени вежби“ во историјата на земјата во период на ескалација на политичката криза со кои претседателот Николас Мадуро испраќа порака до своите противници. А, ги има многу.

Најголемите вежби досега во историјата на земјата ќе траат до 15 јануари.

Мораме да се подготвиме да го браниме суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста на Венецуела, изјави Мадуро од една база во градот Миранда.

Тој притоа потенцираше дека армиските сили како и народот ќе ја бранат честа и гордоста на земјата која има 200-годишна историја на битка за својата иднина. Мадуро ги нападна САД и лидерот на опозицијата Хуан Гвадидо кои бараат промена на режимот. Гвадидо дури побара и воен интервенција на Америка во Венецуела.