Во Босна и Херцеговина починаа 40 лица од здравствени компликации настанати од грип, од кои 37 на подрачјето на Република Српска.
Како што соопштија здравствените власти во Република Српска, уште четири пациенти починале од последици на тешки акутни респираторни инфекции, со што билансот на смртни случаи се зголеми на 37.
Новите случаи со смртни последици од грип се пријавени во болниците во Бања Лука, Бјелина, Зворник и Босанска Градишка.
На подрачјето на Босна и Херцеговина регистрирани се три смртни случаи предизвикани од компликации настанати од вирусот на грип.
Comments are closed for this post.