Откако вчера за само неколку часови беше извадена оградата од пред Владата, денеска не се слушаа брусалки. Иако оттаму најавија дека целата ограда ќе биде отстранета, се извади само предниот дел на булеварот Илинденска. Останатиот дел кој гледа кон кејот и на паркингот остана нечепнат.
Од Владата велат дека целата ограда ќе биде отстранета.
Ќе се трга целата ограда, но кога не знам“, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски за Пресинг ТВ.
Официјалото образложение на Владата зошто се отстранува оградата е дека просторот е на граѓаните и дека тие ќе одлучат што ќе се прави со железото кое е ставено во депо.
Comments are closed for this post.