Вчера околу 18,00 часот во куќа во демиркапиското село Чифлик, бил пронајден починат без траги од насилство Е.Ј.(68) од Р Германија, кој престојувал во куќата.

Извршен е увид на местото на настанот од полициски службеници од ПС Неготино. По наредба  на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, соопшти попладнево Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.