Косовскиот премиер, Рамуш Харадиај идната недела ќе отпатува во официјална посета на Соединетите Американски Држави, каде што најави средби со премиери и делегации кои учествуваат на Генералното собрание на ООН, како и со американски сенатори, конгресмени и други претставници на официјален Вашингтон.

Харадинај преку објава на Фејсбук нагласи дека во фокусот на неговите активности во Њујорк ќе биде јакнењето на меѓународната позиција на Косово.

Во Њујорк ќе остварам билатерални средби со колеги и меѓународни делегации кои учествуваат на Генералното собрание на Обединетите Нации, со акцент на презентацијата на достигнувањата на Косово, зачленувањето на земјата во меѓународните организации, привлекување директни инвестиции во земјата и други теми кои се во интерес за Косово. Покрај тоа, во правец на јакнењето на партнерството со САД, ќе остварам средби со сенатори, конгресмени и влијателни личности во Вашингтон – напиша Харадинај.

 

Javën që vie do të qëndroj për vizitë zyrtare në ShBA, ku në fokus të agjendës do të jetë fuqizimi ndërkombëtar i…

Posted by Ramush Haradinaj on Sunday, September 23, 2018