Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, смета дека е неопходно да се олабави режимот на санкции кон Северна Кореја, со цел да се поттикне комунистичкиот режим во Пјонгјанг да соработува за конечно решавање на кризата на Корејскиот Полуостров.
Лавров истакна дека стратегијата веќе е наведена во руско-кинескиот патоказ за решавање на кризата.
Ситуацијата како целина продолжува да се развива во рамките на логиката, која ги постави темелите на руско-кинескиот патоказ за решавање на прашањето за претстојното движење на клучните актери во решавањето на проблемот со нуклеарното разоружување на Корејскиот Полуостров и за насочување на севернокорејското државно раководство за соработка преку ограничување на режимот на санкции – истакна Лавров.
Втората средба помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун треба да одржи на 27-28 февруари во Виетнам. Трамп синоќа во својот говор пред Конгресот на САД рече дека има уште многу работи што треба да се направат во врска со Северна Кореја, но дека односите со Ким му се „добри“.
Comments are closed for this post.