Косово треба да ги укине таксите од 100 отсто за увоз за стоки од Србија и Босна и Херцеговина, изјави портпаролката на високата претставничка на ЕУ за надворешна полиитка и безбедност Федерика Могерини, Маја Коцијанчич, додавајќи дека Европската Унија очекува Приштина и Белград да го продолжат дијалогот, што би довел до нормализирање на нивните односи.
Сеопфатен правно обврзувачки договор за целосна нормализација на односите меѓу Белград и Приштина бара клима која придонесува за добрососедските односи, со почитување и целосна имплементација на постојните договори – изјави Коцијанчич за приштински „Зери“.
Според неа, за постигнување на ова, двете страни треба да се воздржат од изјави и потези кои не се во интерес на регионот.
Коцијанчич додава дека Брисел очекува Србија и Косово брзо да го обноват во дијалогот, бидејќи постои директна врска помеѓу нормализација на односите и нивната европска перспектива.
Comments are closed for this post.