Леброн Џејмс тренирапе со тимот прв пат откако во декември се повреди, но нема да биде во составот на Лос Анџелес Лејкерс во дуелот против Феникс Санс во недела.
Беше на теренот, одлично беше да се види на теренот. Изгледаше добро. И понатаму е одличен кошаркар, ако се прашувате, ништо не заборавил“, изјави тренерот Лук Волтон кој потврди дека Кралот работел на одбраната.
Без Леброн во составот Лејкерси во НБА-лигата загубија 10 од 15 натпревари.
Џејмс повеќе од еден месец беше отсутен, откако на 25 декември се здоби со повреда на препоните.
Comments are closed for this post.