Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, го совлада шпанскиот тенисер Рафаел Надал во финалето на Австралија опен, со што дојде до рекордниот седми Грен слем трофеј на овој турнир, нешто што досега не му успеало на ниту еден друг тенисер во историјата.

Финалната пресметка траеше нешто повеќе од два часа, а Ѓоковиќ победи со максимални и убедливи 3:0 во сетови, со резултат 6:3, 6:2 и 6:3. На тој начин Србинот стана првиот тенисер во историјата што во едно финале го совладал Надал без загубен сет.

Со победата, Ѓоковиќ ја зголеми предноста во меѓусебните дуели со Шпанецот и сега води со 28:25 во победи.

За првиот светски рекет ова е вкупно 15. Грен слем титула, а тој стана и првиот тенисер во историјата што заработил повеќе од 130 милиони долари како награди од тениските турнири.