Поради интензивните врнежи од снег воведена е забрана за тешки товарни возила на патните правци Маврово-Дебар, Стража-Кичево, Македонски Брод-Прилеп преку планинскиот премин Барбарос и Крива Паланка-Деве Баир. На патот Тетово – Попова Шапка, покрај забраната за тешки товарни возила, воведена е и забрана за автобуси.
На планинскиот превој Плетвар, пак, од 11.40 часот е укината забраната за тешки товарни возила.
Поради магла намалена видливост од 50 до 100 метри има кај Страцин и на планинскиот премин Буково.
На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива по влажни коловози, а на некои повисоки места во западните делови има остатоци од кашест снег на коловозот.
Comments are closed for this post.