Обврските кои произлегуваат од Договорот од Преспа се на државно и институционално ниво, вели за Пресинг Тв, владиниот портпарол Миле Бошњаковски, одговарајќи на прашањето дали Владата ќе изготви некаква брошура за користењето на грчките топоними.
Членот 8, точка 4 од Договорот гласи:
„Секоја од Страните ќе се придржува кон препораките на Конференцијата на Обединетите нации за стандардизација на географските имиња во однос на употребата на официјалните географски имиња и топоними на територијата на другата Страна, давајќи притоа приоритет на користењето на ендоними, наместо егзоними“.
Иако премиерот Зоран Заев во една прилика веќе го именуваше Солун како Тесалоники, сепак од договорот не произлегуваат обврски во овој контекст, особено за приватните медиуми. Ако државните ќе мораат да ги користат грчките топоними, приватните ќе треба самите да ја одредуваат интенцијата и намерата како ќе ги именуваат топонимите во Грција.
Неизвесно е што ќе се случува со фамозните бели листови, што македонските државјани ги добиваа на пополнување при влезот во Грција. Портпаролот Бошњаковски е дециден:
За новите документи тие нема да бидат во примена, вели тој.
Согласно Договорот и „техничкиот“ преоден период, важноста на документите за внатрешна употреба, но кои можат да се користат и надвор од државата со нејзиното ново име ќе се обновува најдоцна во рок од пет години по влегувањето во сила на спогодбата. Значи во период од пет години, македонските граѓани ќе треба да се стекнат со нови пасоши со новото име Република Северна Македонија.
Засега е неизвесно како Грција ќе реагира во оваа меѓуфаза и дали фамозните листови и натаму ќе бидат неизбежни при влезот и излезот од државата.
Comments are closed for this post.