Едно лице е повредено, а уште две лица се приведени по престрелката која претпладнево се случила на улицата Благоја Стефковски во скопско Маџари, информира МВР.

Од полицијата велат дека кај нив, пукотниците биле пријавени денеска во 11 часот по што полициските екипи веднаш излегле на терен.

Неофицијални информации говорат дека станува збор за пресметка помеѓу две раскарани семејства. Очевидци велат дека пукањето почнало уште кај железничкиот премин пред кривината за Кванташки Пазар, па продолжило по улиците во скопската населба Маџари и завршило во скопска Автокоманда. Нема информации за идентитетот на приведените, ниту пак за повредениот.

Според првичните информации, тој се наоѓа во болница во стабилна состојба.