Повеќе нема отстапки – студентите од Правниот факултет донеле одлука, најверојатно од понеделник, 28 јануари, да почнат штрајк со глад, објави Албаниан њуз.
Одлуката ја донела денес група студенти кои повеќе од една недела се заклучени во просториите на универзитетското седиште.
„Ова е тешка одлука, но решивме да почнеме штрајк со глад во недела или в понеделник. Секој кој сака може да ни се приклучи. Сакаме да се смени законот за образование“, велат студентите.
Comments are closed for this post.