Киријакос Мицотакис, лидерот на најголемата опозициска партија во Грција, денес изјави дека тој и Нова демократија ќе сторат се за да спречат Преспанскиот договор да се ратификува во парламентот.
Дебата почнува утре, откако договорот доби зелелно светло од мнозинството членови во две собраниски комисии, а гласањето се очекува во четврток навечер. До тогаш се очекува жесока битка во парламентот, веројатно уште пожестока отколку кога се гласаше за доверба на владата на Алексис Ципрас.
Дебата која ќе почне утре на пленарна седница ќе биде крајно критична за развојот на националното прашање. Сите пратеници ќе се конфронитираат со нивната совест и размислување, а исто така се разбира и историчарите, ќе бидат одговорни за одлуките што ќе ги донесат, рече Мицотакис на собирот на партиското лидерство одржан денес во Солун.
Тој објасни дека Преспанскиот договор е лош.
За прв пат Грција признава македонски јазик и македонски идентитет, и со тоа ги напушта со децении долгите политики од причини кои му се само на Ципрас познати, исткна Мицотакис.
Тој притоа порача дека дебатата која тие ќе ја отворат во парламентот, ќе биде сериозна и аргументирана, но притоа тој подвлече дека „ќе се дебатира без да се знае текстот на ревидираниот устав (на Македонија), а тоа што денес е доставено од Катругалос не е ништо друго туку Уставот на Скопје каков што е денес“.
Тој праша како е можно грчкиот парламент да донесе важна одлука без да се знаат во детали измените во уставот на соседната земја.
Медиумите во исто време не ја исклучуваат можноста Нова демократија повторно да поднесе барање за гласање доверба.
Инаку, во текот на денот беше објавено дека „алијансата на волјата“ која е за Договорот сега брои 154 пратеници, но Мицотакис тоа го предизвика велејќи дека за национални прашања е потребен широк конзензус, а како што тој забележа за Преспанскиот договор таков не е постигнат.
Денес, пак, владата на Мицотакис го објави текстот на целиот Преспански договор, како и вербалната нота испратена пред неколку дена од македонското МНР.
Comments are closed for this post.