36-годишниот Џемаил М. од скопско Ласкарци во општина Сарај, кој до смрт ја избоде својата сопруга на паркинг во Австрија, тамошните медиуми го поврзуваат со ИСИС.
Порталот „ОЕ24“ објавува фотографија преземена од Фејсбук, на која како што пишуваат се забележува осомничениот како позира со испружен показалец на десната рака, што претставува поздрав на озлогласената Исламска држава.
Македонскиот државјанин дошол во Австрија за да работи како молер. Џ.М. имал проблеми со коцкањето што придонеле за неговото агресивно однесување, според неговиот брат од Македонија, со кого австриските новинари тврдат дека стапиле во контакт. Тој вели дека осомничениот го уништил целото семејство, кое веќе не сака да има никаков контакт со него, пренесува „ОЕ24“.
Џемаил е уапсен, а двете малолетни деца кои со свои очи го виделе убиството на нивната мајка се згрижени.
Comments are closed for this post.