Војската на САД соопшти дека извршила воздушен напад во близина на сомалискиот град Џилиба, при што се убиени 52 екстремисти на исламистичката група Ал Шабаб.
Нападот на американската војска следи неколку дена откако екстремистичката организација презеде одговорност за нападот врз луксузниот хотелски комплекс во главниот град на Кенија, Најроби при што загинаа најмалку 21 лице.
Под контрола на Ал Шабаб се руралните јужни и централни делови на Сомалија. Но, групата често извршува напади во главниот град на Сомалија, Могадишу и на други места.
Comments are closed for this post.