Гумен чамец во кој се превезувале мигранти низ Средоземното море се превртел во близината на Либија. Потпирајќи се на изјавите на тројца спасени мигранти, началникот Флавио ди Џакомо од меѓународна организација за миграција, изјави дека за исчезнити се водат 117 лица.

Тој наведе дека хеликоптерот на италијанската морнарица успеала да дојде до местото и да спаси тројца мигранти, од чамецот во кој се превезувале 120 лица.

Италијанската морнарица истакна дека од авион фрлиле елеци за спасување кога е виден чамецот кој тоне со дваесетина лица на него.

Според меѓународната организација за мигранти, во првите 16 дена од 2019 вкупно пристигнале 4,449 мигранти, скоро сите преку море, споредено со 2.964 за истиот период во 2018 година.