МАН остро го осудува инцидентот за време на денешната манифестација по повод празникот Богојавление – Водици, во кој беше повредена новинарката Мирјана Мирчевска од Канал 5 телевизија.
„Очекуваме од агенцијата Никоб најпрво сами да го расчистат насилството и да ги пријават насилниците во полиција. МВР мора што побрзо да го расчисти случајот, а виновниците да бидат санкционирани“, соопштуваат од МАН.
Правниот тим на Македонската асоцијација на новинари и стои на располагање на новинарката Мирјана Мирчевска, додаваат од асоцијацијата.
Реакција пристигна и од Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) од каде информираат дека го осудуваат денешниот случај на физички напад врз новинарката.
За СЕММ е целосно неприфатливо на каков и да е начин да се спречува професионалната работа на новинарите, која треба да биде ослободена од закани и притисоци, наведуваат од Советот.
Државата, во согласност со член 10 од Европската конвенција за човекови права, е одговорна за преземање на сите активни мерки со цел да се создаде и одржува поволна клима за слобода на изразување.
Comments are closed for this post.