Локалните власти соопштуваат дека до експлозија на гасоводот, во градот Тлахуерилпан, дошло откако десетина луѓе ја пробиле цевката за да украдат гориво.
Пожарот се уште не е изгаснат а местото е се уште блокирано. Се работи на гаснење на огнот, но и идентифукување и пронаоѓање на нови жртви чии број се искачи на 66 лица.
Податоците кои ги имаме се дека 66 луѓе загинаа, а 76 се повредени, изјави гувернерот на мексиканската држава Идалго Омар Фајад.
Властите на Мексико Сити испратија четири хеликоптери во сојузната држава Идалго за да им помогнат на повредените во инцидентот.
Comments are closed for this post.