Македонските ракометари доживеа пораз од Русија од 30-28 во разигрувањето од 13 до 16 место на мундијалот во Германија и Данска.

Како решавачко на оваа среба се покажа првото полувреме кое го загубивме со 17-14, во второто полувреме се обидувавме да се вратиме, ама Русите не дозволија промена на резултатот и дојдоа до победата.

Лазаров со 9 голови беше наш најдобар стрелец, додека кај Русите Житников даде 8 голови.