Заев да не си игра со народот, да ги лови тие  што украдоа милијарди, а не да воведува давачки за најсиромашните.

Ова  денеска  му го порачаа пазарџиите на премиерот на државата кои излегоа на протести, револтирани од најновиот закон со кој се предвидува воведување и плаќање на лиценци.

Велат дека едвај заработуваат за леб, но и дека не можат да се откажат од тезгите оти тоа им е единствениот начин за егзистенција. Прашаа од  каде ќе најдат  пари за лиценции и се заканија ако не продаваат на тезга, ќе почнат да крадат.

Денеска тезгите на пазарите останаа празни. Пазарџиите децидни порачаа до власта да го повчечат законот за трговија на зелените пазари . Тие го блокираа булеварот кај Битпазар, а се протестираше  и пред Собранието на Република Македонија.

Според законот, лиценците за тезгите ќе чинат 3.600 денари, а за втора тезга ќе треба да доплатат уште 2.400 денари. Со решението е предвидено и пензионерите, вработените, или пак луѓе кои остваруваат некакви хонорари,  да не можат да работат. Лиценците ќе ги издава Комората на трговци.