И покрај повеќегодишните западни санкции, Русија ќе стане петта светска економија в година преминувајќи ги Германија и Обединетото Кралство, објави мултинационалната банка Стандард чартерд во извештајот за напредокот на растот на економиите, објави днес РТ.
Во долгорочните прогнози до 2030, се наведува дека Кина најверојатно ќе ја симне Америка од тронот и веќе наредната година ќе стане најголемата светска економија. Во топ пет економии ќе бидат Кина, САД, Индија, Јапонија и Русија, а во првите десет: Германија, Индонезија, Бразил, Турција и Обединетото Кралство.
Во истиот извештај се наведува дека мнозинството од светското население во 2020 ќе и припаѓа на средната класа.
Инаку лани руската економија имала позабавен раст и изнесувал 1,8 проценти, додека забавила и германската „машина“ која пораснала само 1,5 проценти, најслаб резултат покажан во последните 5 години.
Comments are closed for this post.