Владата на Косово одлучи сите стоки увезени од Србија во Косово пред 21 ноември 2018, односно во периодот пред да се воведе таксата од 100 отсто за српските производи, да бидат ослободени од тие давачки.
Во владиното соопштение се вели дека е усвоена одлука за измена и дополнување на одлуката на Владата од 21 ноември 2018 година, со што „се исклучуваат од таксата стоките со потекло од Србија и Босна и Херцеговина кои се увезени пред тој датум и кои се нашле во царински процедури под одложен режим (царински депоа, привремен увоз, обработка во царинска контрола и внатрешна контрола) при нивното пуштање во слободен промет“.
Comments are closed for this post.