Мојата совест и мојата патриотска должност бараа да ја искористам оваа историска можност за решавање на проблемот со името Македонија, знаејќи дека тоа политички ќе ме чини . Од самиот почеток, заедно со тогашниот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, направивме големи напори да го решиме спорот околу името Македонија. Ние работевме со чувство на одговорност кон историјата , националниот интерес и иднината на нашата земја и регион, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас на почетокот на расправата за гласање на доверба на неговата Влада.
Претседателот на Парламентот Никос Вуцис на почетокот на пленарната седница, рече дека расправата ќе заврши најдоцна утре на полноќ со гласање на пратениците. Ова предизвика реакции кај опозициските партии, кои бараа расправата да трае три дена колку што е законски најдолгиот дозволен рок, со образложение дека така ќе имаат можност да земат збор што повеќе пратеници.
Овој предлог на опозициските партии беше отфрлен и останува првичната одлука, гласањето да биде утревечер.
Вуцис ги соопшти и денешните промени во пратеничките групи, преминувањето на Аристидис Фокас во Независни Грци и бришењето на Спирос Данелис од Река.
Comments are closed for this post.