Триесет лица почувствувале мачнина и почнале да крварат за време на лет од Мумбај до Џајпур  во Индија, бидејќи пилотите најверојатно заборавиле да го вклучат системот за регулирање на притисокот, јавија индиски медиуми.

Тоа било причина авионот на „Џет Ервејз“, со 166 патници и петчлен екипаж, да се врати во Мумбај. На 30 патници, кои крвавеле од ушите и од носот, им е била укажана медицинска помош.


Според податоците од индискиот Генерален директорат за цивилно воздухопловство, делот во авионот каде се што наоѓаат патниците не бил херметички затворен за време на летот.

Авиокомпанијата соопшти дека вработените, кои биле во авионот, ќе бидат суспендирани, додека трае истрагата на случајот.