Вицепремиерката и министер за одбрана, Радмила Шеќеринска за иницијативата за распуштање на Парламентот и одржување на предвремени парламентарни избори, која дојде од страна на опозицискиот лидер Христијан Мицкоски, вели:

“Уште еднаш само да го прегледате видеото од барањето на ВМРО-ДПМНЕ и да ги следите ликовите. Испраќаат порака -бараме избори и се молиме и се надеваме дека нема да ги добиеме.

Според Шеќеринска барањето за предвремени парламентарни избори е со цел да се смени темата дека е решен еден голем проблем.

„Сакаа по малку да ја сменат темата, бидејќи темата не им одговара. Темата покажува дека ако сакаш нешто да се реши ќе го решиш. И на тоа се должеше таа иницијатива, да се бараат избори, ама да се наоѓа начин како тие да не се случат. Ние сериозно ќе ја разгледаме, има многу аргументи и во полза на една таква иницијатива  и дефинитивно за разлика од ВМРО-ДПМНЕ ние ќе ги почитуваме законите. Она што стои во законите од прва до последна точка ќе го исполниме“, вели Шеќеринска.